٢.Тој што ги даде смртта и животот за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапува; Тој е Силниот, Тој што простува
٣.Тој што седумте неба едни врз други ги создаде како слоеви – ти во тоа што Семилосниот го создава не гледаш никаков несклад, па повторно погледни да не видиш некаков недостаток
٥.Ниенајблискотонебососјајнисветилкигоукрасивмеигинаправивме оган за гаѓање на шејтаните, за коишто подготвивме страдање во огнот
٦.А за тиe што не веруваат во својот Господар, им припаѓа казна во џехеннемот, а тој е ужасно престојувалиште
٨.скоро да се распадне од бес. Кога и да се фрли група на луѓе во него, стражарите во него ќе ги запрашаат: „Зарем никој не доаѓаше да ве опоменува?“
٩.„Да, доаѓаше тој што нè опоменуваше“ – ќе одговорат – „а ние негиравме и велевме: ,Аллах не објавил ништо, вие сте во голема заблуда!‘“
١٢.За тие коишто од Господарот свој се плашат, дури и кога никој не ги гледа, има прошка и награда голема
١٥.Тој Земјата погодна ви ја направи, па одете по пределите нејзини и хранете се со тоа што Тој го дава, Нему по проживувањето ќе Му одговарате
١٦.Дали сте сигурни дека Тој што е на небесата нема в земја да ве втера,кога таа ќе почне ненадејно да се тресе
١٧.Или, дали сте сигурни дека Тој што е на небесата нема вам ветер со камења да ви прати? Тогаш би дознале каква е заканата Моја
١٩.Зарем тие не ги гледаат птиците над себе како со раширени крилја летаат, а и ги собираат? Само Семилосниот ги држи; Тој навистина сè добро гледа
٢٠.Или кој е тој што ќе биде ваша војска и ќе ви помогне вам, освен Семилосниот?! – Неверниците се само во заблуда
٢١.Или, кој е тој што ќе ве нахрани, ако Тој храната своја ја скрати? – Но, тие се упорни во горделивоста и во бегањето од вистината
٢٧.Кога казната одблизу ќе ја погледнат, очај ќе ги прекрие лицата на тие што не веруваа и ќе биде речено: „Еве, ова е тоа што го избрзувавте!“
٢٨.Кажи: „Кажете ми вие мене: ако Аллах мене ми испрати смрт и на тие што се со мене, или ако ни се смилува, кој ќе ги заштити неверниците од неиздржливото страдање?“
٢٩.Кажи: „Тој е Семилосниот, во Него веруваме и врз Него се потпираме, а вие сигурно ќе дознаете кој е во очигледна заблуда.“