٦.Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред
٧.А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат
٩.Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее
١٤.и жителите на Ејка инародот на Тубба; сите тие пратениците залажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија
١٦.Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена
٢٧.А другарот негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема заблуда.“
٣٦.Аколку народи пред овие уништивме, коишто беапомоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас
٣٨.Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор
٣٩.Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред сонцето да излезе и пред да зајде
٤٤.А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување
٤٥.Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана