علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Ние ќе ти дадеме да победиш со јасна победа
١١.Бедуините коишто изостанаа ќе ти зборуваат: „Нè задржаа стадата наши и семејствата наши, па замоли прошка за нас!“ Тие со јазиците свои го зборуваат тоа што не е во срцата нивни. Кажи: „Па кој може да ја промени Аллаховата одлука ако Тој сака да ви наштети, или ако сака некакво добро да ви направи?“ Напротив! Аллах добро го знае тоа што го правите
١٥.Тие што изостанаа, кога ќе појдете пленот да го земете, сигурно ќе кажат: „Пуштете нè и нас да ве следиме!“ Тие сакаат да го изменат Аллаховиот говор. Кажи: „Вие нема да нè следите, тоа уште претходно Аллах го кажа!“, а тие ќе кажат: „Не етака, туку вие нам ни завидувате.“ А не е ни тоа, туку тие малку разбираат
٢٥.Тие се тие штоневеруваат и ви забрануваат да пристапите во Светиот Храм, и курбаните кои ги водите со себе до местата свои да стигнат. И да немаше мажи верници и жени вернички, кои вие не ги познавате, па не знаејќи, да ги убиевте, и поради тоа срам да не би доживеале – Ние би ви ги препуштиле. А не ги препуштивме за Аллах во милоста Своја да го воведе тој што сака. А тие да беа одвоени, навистина со тешка казна ќе ги казневме тие меѓу нив што не веруваа
٢٩.Мухаммед е Аллахов Пратеник, а неговите следбеници се строги кон неверниците, а сомилосни меѓу себе; ги гледаш како чинат руку и сеџда сакајќи ја Аллаховата награда и задоволство – на лицата имаат знаци, траги од паѓањето со лицето на тло. Така се опишани во Тевратот. А во Инџилот - тие се како растение кое никулецот свој го исфрла, па потоа го зацврстува, а тој се исправа на своето стебло, предизвикувајќи воодушевување кај сејачот – за Тој со верниците да ги разгневи неверниците. А на тие што веруваат и што прават добри дела, Аллах им ветува прошка и награда голема