علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Ха-мим
١٠.Кажи: „Кажете ми што ќе биде со вас ако тој, Куранот, е од Аллах, а вие во него не сакате да верувате, и ако еден од синовите Израилови посведочи дека итој еод Аллах, паитој поверува, а вие севообразите?“ Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој себеси неправда си чини
١٥.Човекот го задолживме на родителите свои добро да им прави; мајката негова со мака го носи и со мака го раѓа! А неговото носење и доење е триесет месеци. Па кога ќе ја достигне зрелоста своја и кога ќе наполни четириесет години, тој ќе рече: „Господару мој, упати ме да Ти бидам благодарен на Твојата благодат, која што си ми ја подарил мене и на моите родители, и да правам добро со коешто си Ти задоволен, и направи ги добри потомците мои! Јас навистина пред Тебе се покајувам и јас сум муслиман, предаден на Тебе.“
١٧.Атој штонародителите свои ќе им каже: „Уф, одвас, што ми ветувате, зарем ми се заканувате дека ќе бидам оживеан кога пред мене толкави народи исчезнале!“ – а тие двајца довикувајќи го Аллах на помош, велат: „Тешко тебе, верувај! Аллаховото ветување, навистина, ќе се оствари!“ Тој одговара: „Тоа се измислици на древните народи!“
٢٠.Ана Денот тие штоневеруваа пред Огнот ќе бидат изложени, ќеречат: „Вие во својот живот на Земјата сите свои наслади ги искористивте и во нив уживавте, а денес со срамно страдање ќе бидете казнети затоа што на Земјата, без никаква основа, вообразено се однесувавте и затоа што грешевте.“
٣٥.Ти издржи како што издржаа одлучните Пратеници инебарај казната што побргу да им дојде! А оној Ден кога ќе го доживеат тоа што им се ветува, ќе им се пристори дека останале само еден час од денот! Ова е известување! А зарем некој друг ќе биде уништен, освен народот грешнички