علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Ха-мим
١٣.Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: „Вистинската вера исповедајте ја и во тоанесераздвојувајте!“ Тешко им ена многубошците да сеодѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати
١٤.А тие се раздвоија поради меѓусебната злоба токму тогаш кога им дојде знаењето. И да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, до означениот рок, на нив ќе им беше веќе пресудено. А тие на коишто, после нив, Книгата им се остава во наследство, многу се сомневаат во неа
١٥.Затоа ти повикувај и биди истраен кон тоа, така како што ти се наредува, а не се поведувај по нивните страсти, и кажи: „Јас верувам во сите книги кои ги објавил Аллах, и наредено ми е праведно да ви судам; Аллах е и наш и ваш Господар, нам нашите, а вам вашите дела; нема препирање меѓу нас и вас; Аллах сите ќе нè собере и Нему сите ќе Му се вратат.“
٢٣.На овој начин Аллах им испраќа радосни вести на робовите Свои, на оние коиверуваат и прават добри дела. Кажи: „За ованебарам никаква награда од вас, освен роднинско внимание.“ А кој ќе стори добро, Ние за тоа ќе му го зголемиме доброто, бидејќи Аллах, навистина, многу простува и благодарен е
٤٨.А ако главите ги свртат – па, Ние тебе не те пративме да бидеш нивен чувар, ти си должен само да известиш. Кога на човекот ќе му дадеме да ја почувствува милоста Наша, тој ѝ се радува, а кога ќе го снајде некаква несреќа поради тоа што ги сториле рацете нивни, тогаш човекот благодатите не ги признава