١١.Прашај ги дали е потешко тие да бидат создадени или сето останато што сме го создале? – Нив ги создаваме од леплива глина
١٠٢.И кога тој порасна толку што во работата почна да му помага, Ибрахим рече: „О, синко мој, на сон видов дека треба да те заколам, па што мислиш ти?“ – „О, татко мој,“ - рече – „постапи како што ти се наредува; ќе видиш, ако даде Бог, дека ќе бидам трпелив.“
١١٣.и го благословивме и него и Исхак; а меѓу потомците нивни има верници и такви кои на себеси очигледно насилство чинат
١٥٨.Многубошците помеѓу Него и џинните сродство воспоставуваат, а џинните одамна знаат дека тие што зборуваат така ќе бидат фрлени во огнот