١٣.Да не ми стане тешко во душата и јазикот да не ми се сплетка; па подај му пратеништво и на Харун, за да ми помогне
١٨.„Зарем не те одгледавме додека беше дете и зарем толку години од својот живот не помина меѓу нас?“ - рече фараонот
٢١.„а од вас избегав затоа што од вас се плашев, па Господарот мој мудрост ми подари и Пратеник ме направи
٢٢.А за добродетелството за кое ми го префрлаш – да не е тоа што синовите Израилови робови ги направи?“
٢٤.„Господарот на небесата и на Земјата и на тоа што е меѓу нив, ако цврсто верувате“ - одоговори тој
٤١.А кога дојдоа, маѓепсниците го запрашаа фараонот: „Дали за нас, навистина, ќе има награда ако бидеме победници?“
٤٤.И тие ги фрлија јажињата свои и стаповите свои, и рекоа: „Со моќта на фараонот, ние секако ќе победиме!“
٤٩.„Зарем му поверувавте нему пред јас да ви дозволам?!“ - извика фараонот. „Тој е вашиот учител, тој ве научил на маѓепсништвото – а вие ќе запомните: ќе ви ги исечам вашите нозе и раце накрст и сите ќе ве распнам
٦٣.И Ние му објавиме на Муса: „Удри со стапот свој по морето!“ - и тоа се раздели и секоја негова страна беше како голема планина
١٣٩.И тие продолжија за лага да го обвинуваат, па Ние ги уништивме. Тоа е поука, но повеќето од нив не се верници
١٦٦.а жените свои, кои за вас Господарот ваш ги создал, ги оставате? Вие сте луѓе кои секоја граница на злото ја преминувате“
١٨٩.И тие продолжија да го обвнинуваат за лага, па ги стигна казна од темниот облак; а тоа беше ден на големата казна
٢٢٧.а така не говорат само тие што веруваат и добри дела што прават, и кои често Аллах Го спомнуваат, и кои возвраќаат на навредите. А насилниците сигурно ќе сознаат во каква мака ќе се вовлечат