٤.и рече: „Господару мој, коските ми ослабнаа и косата ми оседе, а кога сум Ти упатил молба, Господару мој, никогаш не сум останал несреќен
٧.О, Зекеријја, ти јавуваме радосна вест дека ќе ти се роди момченце, името ќе му биде Јахја, пред него никого не сме направиле нему сличен
٨.„Господару мој,“ - рече тој - „како ќе имам син кога жената ми е неплодна, а веќе длабока старост доживеав?“
٩.„Ете така.“ - рече. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно, и тебе претходно те создадов, а ти не беше ништо.“
١٠.„Господару мој,“ - рече - „дај ми некаков знак.“ „Знак ќе ти биде тоа што три ноќи со луѓето нема да разговараш, а здрав ќе бидеш.“
١١.Итој излезе од михработ коннародот свој исо знак им даде на знаење: „Славете Го наутро и навечер.“
١٥.И нека е мир над него, на денот кога се роди и на денот кога умре и на денот кога од мртвите ќе стане
١٧.и од нив се прегради, Ние кон неа мелекот Џибрил го пративме и тој ѝ се покажа во лик на совршено создаден маж
٢١.„Тоа е така,“ - рече тој. Господарот твој рече: „Тоа Ми е лесно.“ - и за да го направиме знак на луѓето и милост од Нас. Неговиот случај е веќе однапред одреден
٢٣.И породилните болки ја присилија да дојде до стеблото на една палма. „Камо среќа порано да умрев и целосно во заборав да паднев!“ - повика таа
٢٦.па јади и пиј и биди весела! А ако видиш некој човек, кажи: „Јас Му се заветував на Семилосниот дека ќе молчам, и денес со никого нема да зборувам“
٢٧.И таа дојде со него кај народот свој, носејќи го. „О, Мерјем!“ - рекоа тие - „нешто нечуено си сторила
٢٨.Еј ти, која според моралот наликуваш на Харун, татко ти не беше никаквец, а ни мајка ти не беше блудница“
٣١.и ќе ме направи благословен каде и да бидам, и ќе ми нареди сè додека сум жив намаз (молитва) да извршувам и зекат да давам
٣٣.Инека е мир надмене, наденот когасеродив инаденот когаќеумрам, и на денот кога од мртвите ќе бидам проживеан
٣٥.Незамисливо е Аллах да има дете, Возвишен е тој! Кога нешто ќе одреди, Тој за тоа само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бидува
٣٧.И следбениците на Книгата во мислењето за него се разделија, па тешко на тие што не веруваат кога на Денот голем ќе бидат присутни
٣٨.Колку добро ќе чујат и колку добро ќе видат тој Ден кога ќе Ни дојдат! А насилниците се сега во очигледна заблуда
٣٩.И предупреди ги со Денот натагата, когасополагањето на сметката ќе биде завршено, а тие се во немар и тие не веруваат
٤٢.Кога му кажа на таткото свој: „О, Татко мој, зошто го обожуваш тој што ниту слуша ниту гледа, ниту може од каква било корист да ти биде
٤٣.О, татко мој, мене ми доаѓа знаењето, а не тебе; затоа мене следи ме, и јас на Вистинскиот пат ќе те упатам
٤٦.Неговиот татко рече: „Зарем ги мразиш божествата мои, о, Ибрахиме? Ако не престанеш, со камења ќе те избркам, затоа напушти ме на подолго време.“
٤٧.„Мир со тебе!“ - рече Ибрахим. „Ќе Го молам Господарот свој да ти прости, затоа што Тој е многу добар кон мене
٤٨.И ќе ве напуштам и вас и сите тие што ги обожувате покрај Аллах, и Господарот свој ќе Го молам; се надевам дека нема да бидам несреќен во молбата кон Господарот мој.“
٤٩.Бидејќи ги напушти нив и тие кои, освен Аллах, ги обожуваа, Ние ИсхакиЈакубмугиподаривме,идвајцатагинаправивмеверовесници
٥٥.Му наредуваше на семејството свое намаз (молитва) да извршува и зекат да дава, и Господарот негов беше задоволен од него
٥٨.Тоа северовесниците коишто Аллах соблагодати ги опсипал, потомци на Адем и на тие кои со Нух ги носевме, и потомци на Ибрахим и Израил, и на тие кои ги упативме и ги одбравме. Кога ајетите на Семилосниот им се рецитираа, тие на сеџда се спуштаа и плачеа
٥٩.Нив ги сменија поколенија, кои намазот (молитвата) го напуштија и по страстите тргнаа; тие пропаста ќе ја сретнат
٦٠.со исклучок на тие што се покајаа, и веруваа, и добро правеа, на нив никаква неправда нема да им се направи, тие во џеннетот ќе влезат
٦١.Во еденските градини кои Семилосниот на робовите Свои им ги вети затоа што во нив верувале, а не ги виделе, а ветувањето Негово, навистина ќе се исполни
٦٢.во нив празни приказни нема да слушаат, туку само: „Мир!“ – и во нив наутро и навечер снабдувани ќе бидат
٦٤.А ние164 слегуваме само по наредба на Господарот твој. Нему Му припаѓа тоа што е пред нас и тоа што е зад нас, и тоа што е помеѓу. А Господарот твој не заборава
٦٥.Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен
٦٨.Се колнам во Господарот твој, Ние и нив и шејтаните ќе ги собереме, потоа ќе ги донесеме околу џехеннемот на коленици да клечат
٧٢.Потоа ќе ги спасиме тие што се чуваа од гревот, а насилниците ќе ги оставиме во него на коленици да клечат
٧٣.Кога нашите јасни ајети им се цитираа, тогаш тие што не веруваа им говореа на тие што веруваа: „Која од овие две групи е со подобри домови и со поубави собиралишта?“
٧٥.Кажи: „На тој што е во заблуда, Семилосниот нека му ја продолжи заблудата!“ – Но кога таквите ќе доживеат опомените да се остварат, било казната, било Крајот на светот, навистина ќе дознаат кој е во полоша состојба и кој има помалку следбеници
٧٦.Аллах ќе им го зголеми упатството на тие што се на Вистинскиот пат! А добрите дела, кои остануваат вечно, од Господарот твој ќе бидат подобро наградени и поубаво возвратени
٧٧.Зарем не си го видел тој што во доказите Наши не верува и вели: „Сигурно ќе ми биде дадено богатство и деца!“
٨٣.Зарем не гледаш дека Ние шејтаните им ги праќаме на неверниците за што повеќе на зло да ги наведуваат
٩٧.Ние Куранот го сторивме лесен, на твој јазик, за со него да ги израдуваш тие што од Аллах се плашат и од гревови се чуваат, а да ги опоменеш непопустливите инаетчии
٩٨.А колку само народи пред нив уништивме! Дали кој било од нив гледаш и дали најслабиот нивен глас го слушаш