علماي مقدونيه · македонски јазик

١.Тоа што Аллах го одредил, ќе се случи, затоа не избрзувајте го тоа! Возвишен нека е Тој и нека е многу високо над тие што Му ги здружуваат
٣٠.А на тие што се плашеа од Аллах ќе им се рече: „Што објавувал Господарот ваш?“ „Добро!“ – ќе одговорат. Тие што прават добри дела уште на овој свет ќе имаат убава награда, а оној свет, сигурно е уште подобар. О, колку прекрасно ќе им биде живеалиштето на тие што се плашеа од Аллах
٣٥.Тие што Му припишуваат здруженици велат: „Да сакаше Аллах, ни ние ни предците наши, покрај Аллах, никого немаше да обожуваме и без Негова волја, ништо немаше да сметаме за забрането.“ Исто така и тие пред нив постапуваа. А зарем Пратениците беа должни нешто друго освен јасно да известат
٣٦.Ние насекој народ Пратеник муиспративме: „Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда. Затоа патувајте по светот за да видите како завршија тие што Пратениците за лага ги обвинуваа
٩٢.И не бидете како таа што својата преѓа ја расплела во ситни парчиња, кога веќе цврсто ја исплела, служејќи се со заклетвите свои за меѓусебно мамење, само затоа што едното племе е помногубројно од другото. Аллах со тоа само ве искушува, а на Судниот ден навистина ќе ви го објасни тоа околу што не сте се согласувале